Полицијата го приведе 44-годишниот Д.К. (44) од Неготино кој е осомничен дека на 20-ти овој месец го убил Ј.Д. (40) од село Тимјаник. Тој е осомничен за убиство од небреженост.
Телото на починатиот Ј.Д. беше пронајдено на 20 април околу 18 и 30 часот во месноста викана „Селиште“- Копришница кај Демир Капија.
„Според документираните сознанија од истрагата, на 19.04. околу 17 часот во посочената месност, Д.К. од небрежност со ловна пушка ТОЗ 63 истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото“, соопштија од МВР.
Д.К. денеска е предаден на распит во обвинителство.