Десетици илјади демонстранти, десетти петок по ред протестираа во престолнината Алжир барајќи заминување на владејачката елита, која ја сметаат за корумпирана.
Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика во текот на месецот се повлече од функцијата по 20 година на власт под притисок на армијата и демонстрантите.
Демонстрантите носеа транспаренти „Системот мора да замине” и „Заситени сме од вас”.
Протестите во Алжир почнаа на 22 февруари и главно беа ненасилни. По смената на Бутефлика именуван е Абделкадер Бенсалах, претседателот на Горниот дом на Парламентот, кој ќе раководи со земјата до претседателските избори закажани на 4 јули.
Најбогатиот алжирски бизнисмен и уште четворица милијардери блиски до Бутефлика неделава се уапсени во рамките на антикорупциската истрага.
Командантот на алжирската армија, генерал полковник Ахмед Гаед Салах изјави дека очекува членовите на владејачката елита кривично да бидат гонети поради корупција.
Салах интервенираше кога Бутефлика се обиде да го продолжи четвртиот мандат, прогласувајќи се за неспособен за должноста, во обид да ги избегне политичките превирања