Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино нема да биде во составот на „црвените” во натпреварот против Хадерсилд од 36. коло на фудбалскиот шампионатот на Англија.
Фирмино има оштетување на мускулите.
Средбата ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот.
– Вчера по тренингот, играчот зборуваше за некои проблеми со мускулите. Повредата не е сериозна, но ние одлучивме да го поштедиме него, изјави Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул.
Почетен состав на „црвените” за вечерашниот дуел е: Алисон, Александар-Арнолд, Ловрен, Ван Дијк, Робертсон, Вајналдум, Хендерсон, Кеита, Мане, Стариџ, Салах.