Решението на спорот со Северна Македонија ја зајакнува динамиката на стабилност и развој во регионот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговиот говор на вториот форум на високо ниво на модерниот „Пат на свилата” во Пекинг, јави дописничката на МИА од Атина.
-Решивме 30-годишен спор со нашиот северен сосед, со Северна Македонија и ова ја зајакнува динамиката за стабилност и развој на нашиот регион, но во исто време сме мост на Балканот со Југоисточниот Медитеран, преку трилатералните облици на соработка Грција – Кипар – Египет – Израел и други важни земји во нашиот регион, рече Ципрас.
Грчкиот премиер додаде дека Грција води енергична и мултидимензионална надворешна политика, а во тие рамки се и билатералните стратешки односи со Кина, но и иницијативите со балканските земји.