Oсудена Американката која го уби сопругот бидејќи гледал порно

Патриша Хил од Арканзас го убила нејзиниот сопруг, Франк Хил (65), откако дознала додека гледал порнографија. Пензионираната медицинска сестра, минатата година, пукала во сопругот кога видела сметка за сателитска телевизија, а во која имало и канал за порнографија, пренесуваат медиумите.

Таа сега беше прогласена за виновна за убиството кое и самата го призна пред судот. Хил изјави дека не знае што и се случило.

„Само сакав да привлечам внимание“, рече таа.

Инаку ова бил нејзин трет брак. Патриша Хил има возрасна ќерка која не може да поверува што се случило

Треба да знаете
Последни објави