Претставата „Ант стрит“ според авторски текст на генијалниот германски драмски автор Роналд Шимелфенинг, во режија на Оливер Мицевски премиерно ќе биде изведена во Кан, утре, 27 април.
На 8 и 9 мај претставата ќе се одигра во Даблин, а потоа на 25 мај ќе биде одиграна во Копенхаген.
Оливер Мицевски живее и работи во Будимпешта, Унгарија. Неговата театарска трупа Oliver Micevski`s Theater Company претставува меѓународна театарска компанија – претставите кои се поставуваат, се работат и развиваат со меѓународни екипи, а текстовите се говорат/играат на англиски јазик.