ПСЖ ќе се жали во УЕФА поради казната на Нејмар

Францускиот шампион Пари Сен-Жермен ќе поднесе жалба поради одлуката на Европската фудбалска федерација која го казни Нејмар.

Бразилецот беше дисквалификуван три натпревари од евро-куповите поради непримерното однесување по реваншот со Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Дваесет и седумгодишниот Нејмар се обиде да пробие во просторијата на судиите затоа што бил незадоволен од работата на ВАР арбитрите.

Покрај тоа, Бразилец јавно ги критикуваше судиите на неговиот профил на Инстаграм

Треба да знаете
Последни објави