(Видео) Заев: Задоволен сум од казните за 27-април, верувам оти никој нема да се осмели да повтори такво нешто

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска даде кратка изјава во однос на новинарско прашање дали е задоволен од изречената пресуда за крвавиот четврток.

Како што рече тој, за него е многу важно, дури и низ вакви тешки процеси, да се изнајде начин за помириување односно за подавање рака.

„Малку сме, една шака народ ни е Македонија, малку народ и верувам дека и простувањето, еве и пред овие големи празници уште еднаш да го споменеме, заради тоа што нема крај, ако еден на друг само лошо мислиме, лошо правиме, но секако тоа се случи преку едно разграничување на насилството и организацијата на немилиот настан на 27-ми април, со сето она што било стихија, водено или граѓански аспект на влегување во Парламентот“, образложи премиерот.

Додаде дека за него како граѓанин е важно правниот систем да ја исполни својата мисија.

„Главно е вакво нешто да не се повтори никогаш повеќе. Казните според мене се соодветни за да не се повтори повеќе. Да не му падне на памет на никој друг во државата да повтори вакви настани, кои што сите се трудиме да ги заборавиме“, нагласи премиерот.

Треба да знаете
Последни објави