На платото пред Теразијска чешма во Белград и покрај Велигденските празници се одржа 21-от протест „1 од 5 милини”.
Организаторите претходно најавија дека протестот вечерва е во согласност со претстојниот празник и има хуманитарен карактер за собирање парични донации за лечење на Вук Хуљиќ.
На протестот се обратија професорот Ратко Божовиќ и членот на Демократската партија и актер Бранислав Лечиќ.
Потоа граѓаните тргнаа во прошетка низ централните белградски улици до Градската библиотека на Кнез Михајлова улица.