Ѓорѓи Галетановски, директорот на скопската Зоолошка градина вели дека е многу потешко да менаџираш локал или скопски ресторан отколку да бидеш директор на ЗОО. За 24 инфо вели дека е многу тешко да исполниш различни желби на возрасни кои доаѓаат по угостителските објекти, отколку на мали деца. Во Зоолошка доаѓаат најмалите со нивните родители и негова цел е тие да се чувствуваат пријатно. Тоа е и негова цел, Зоолошката градина да биде место за уживање.
Да менаџираш локал е многу потешко. Причината е едноставна. Во угостителски објект секој ден доаѓаат луге од различни возрасти, кругови и сите тие имаат различни желби. Овде доаѓаат децата со нивните родители, и сите знаеме што им е најпотребно. Хигиена, организација на просторот , анимација, и најважно грижа за животните и нивните живеалишта. Само треба да се посветиме на работата.
Што е сменето во Зоолошката градина откако сте директор?
Па кога ме назначија на оваа функција се договоривме со градоначалникот. Или ќе биде Европска зоолошка градина или да не почнуваме воопшто. Започнавме со темелна хигиена, доградба и реконструкција на живеалишта, нови асфалтирани патеки , нови детски игралишта, ивенти секој викенд и многу други работи. Дека сме успешни говорат бројките. Со сите активности кои се сроведени за краток период посетеноста ја качивме за три пати.
Колку нови животни се донесени и колку треба да очекуваме летово?
Фазата за носење на нови животни е сега, во мај и јуни. Пристигаат легендарното симпанзо Коко со фамилија од Холандија, зебрите, нови лавови, антилопи, белоносести мечиња и др. Паралелно започнавме со изградба на куќата на фламинга и пингвини и се надеваме до септември дека и тие ќе станат дел од нашето големо семејство.
Граѓаните знаат да кажат дека Зоолошката постојано миириса на мекици од приновите кои се раѓаат. Има ли на повидок нов член на ЗОО семејството?
Па тоа е симпатична традиција кога ќе се роди ново животно. Зоонегувателите од тој реон или некои од спонзорите ги честат гостите со мекици. Засега не се очекува нов член но доколку го има ќе бидете известени сигурно. (ха ха ха)
Ќе се инвестира ли дополнително во нови содржини?
Ќе се инвестира и понатаму да. Веќе погоре ви кажав дека ќе се набавуваат фламингата и пингвините. Сакаме да направиме и бејби зу и дино парк
Најнеобична случка со неки од станарите покрај бегството на крокодилот?
Хаха. Крокодилот не избега класично. Не беше загрозен никој. Но признавам невкусно беше. Па не не ни помислувам да има таква слична случка.
Ги храните ли живоите?
Не практикувам. Освен жирафите. Хранењето е професионално и по грамажи и таблици на биолог и зоонегуватели.
Како ви поминува работниот ден?
Доаѓам на работа во 8 часот. Пијам кафе, ги проверувам обврските, па следи кратка консултација со стручниот тим, па прошетка по реони
Има ли бројка дали се зголемува посетеноста на ЗОО и за колку?
Да. Посетеноста е зголемена три пати повеќе од минатата година. Со пристигнувањето на новите жители ќе биде и поголема.
Кој е Галетановски приватно?
Галетановски приватно е нормален човек . Сеуште навикнат на брз живот. Го сака Скопје со се што е во него. Ги сака и се дружи со другарите, сака да гледа ракомет фудбал кошарка и да помага колку може на младите во Скопје.
Валентина Ангеловска
фото: Слободан Ѓуриќ