Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашања за претстојните трансфери во Реал Мадрид. По разочарувачката сезона, клубот ќе бара засилување и тренерот потврди дека големите напори ќе бидат фрлени за привлекување офанзивен фудбалер. Имињата кои се поврзуваат со трансфер на „Бернабеу” се Еден Азар и Нејмар.
– Многу играчи сакаат да бидат дел од Реал. Тука се остваруваат соништата. Ќе видиме што ќе се случи. Знам што сакам да сменам, работиме на тоа. Нам ни треба посилен напад и поголем избор, рече Зидан на денешната прес-конференција.
Медиумите велат дека договорот со Челзи за Азар е сигурен. Сепак, не е јасно дали Герет Бејл ќе го напушти „Бернабеу” и ако остане, како ќе се вклопи со белгискиот репрезентативец.
– Бејл е среќен и ќе игра до крајот на сезоната. Тогаш ќе видиме. Инаку сите добри играчи се вклопуваат и можат да играат заедно, додаде Французинот.
Зизу не гледа смисла некој играч да одбие да си оди, ако му е кажано дека веќе нема да смета на него: „Ако некој натпреварувач има договор, може да остане дури и ако не игра. Но, секој сака да биде на теренот, дали сум во право?”
За дуелот со Рајо Ваљекано во неделата, светскиот шампион со франција од 1996 година нема да може да се потпре на Карим Бензема, кој е повреден. Сигурно неговото место нема да биде окупирана од Виничиус Жуниор, кој се уште не се опоравил целосно по повредата. Според зборовите на менторот, на Бразилецот му треба уште една недела