Ракометарите на Кјелце приредија вистинско изненадување во првиот натпревар од четвтфиналето на ЛШ откако го прегазија фаворитот за титулата во елитното натпреварување, ПСЖ со 34:24.
Тимот предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалс доживеа вистински дебакл во Кјелце, каде домаќините по 15 минута не го испуштаа водството и постојано го зголемува. На полувреме резултатот беше 16:11, а гостите стигнаа до минус три на стартот на вториот дел, но тоа беше се што направија.
Најдобри кај Полјаците беа Кулеш и Каралек со по шест гола, а Лука Циндриќ постигна пет гола. На спротивната стрна Уве Генсхајмер постигна11 гола, а Ремили и Хансен шест и пет гола.