Костадинов: Гласот за Сиљановска е глас за насилниците од 27-ми април

27-ми април не смее никогаш да се повтори, затоа, не смееме да дозволиме повторно да се врати режимот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Христијан Мицкоски и неговата кандидатка Гордана Сиљановска не само што не го осудија насилството, туку се ставија во одбрана на насилниците и криминалците. Згора на тоа, Сиљановска е директно поддржана од осудени насилници за настаните од 27 април, како Игор Југ и Јане Ченто, осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок. На овие избори гласот за Сиљановска е глас за насилниците од 27 април, глас за режимот на Груевски и насилството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов.

Tој посочи дека граѓаните не смеат и нема да дозволат на чело на државата да застане некој кој бил поддржан од криминалци и насилници.

„Затоа, на 5 мај граѓаните ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски и ќе дадат масовна поддршка за неговиот концепт што води напред. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани кој нема да брани криминал, туку ќе се залага за правда и еднаквост пред законите“, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави