Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) го одбележува 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
За таа цел, МЗЗПР покренува иницијатива за садење на 33 садници во чест на 33те загинати лица на своите работна места во 2018 година на територија на цела Република Македонија.
Овој настан ќе се одржи во Недела, 28.04.2019 година, во 11 часот. Локација: Парк Лисиче во населбата Аеродром.
На настанот ќе присуствуваат членовите и партнерите на МЗЗПР, а ќе биде промовиран и редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места за 2018 година. Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2018 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите.