На 26.04.2019 година околу 17,00 часот на локалниот пат за с.Пласница- Македонски Брод кај м.в.„Курикамења“ се случила сообраќајна незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во С.Џ. (12), која управувала велосипед, и го напуштил местото на настанот. На С.Џ. и е укажана помош во Медицински центар Кичево,а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.