Бројот на француските департамни каде што е потврдено присуството на тигрестите комарци продолжува да расте во последниве години. Во 2019 година, комарецот кој е преносител на тропски грозници е присутен во 51 департмани, девет повеќе од минатата година, наскоро тие можат да покриваат 70 процети од француската територија, јави дописникот на МИА.
Веб-страницата за претпазливост од комарците ја објави својата годишна карта за следење на тигрестиот комарец. На картата се гледа дека 51 департмани во јужниот, централниот и источниот дел на Франција, како и регионот на Париз се обоени во црвено односно во тие области е присутен тигрестиот комарец.
За властите ова претставува „драматично зголемување”, посебно поради фактот дека „колонизација на територијата продолжува забрзано кон север. Регионот на Париз помина целосно на нивото на црвен или портокалов аларм”.
– По релативно благата зима и раните топлотни бранови, во февруари, сезоната на комарците веќе започна неколку недели пред официјалниот датум на 1 мај и почетокот на планот против ширењето на вирусот”.
Во 2018 година бројот на департманите каде тигрестиот комарец е присутен беше два пати поголем во однос на 2016 година.