Синдикалната иницијатива „67 е премногу” на полноќ на главниот плоштад во Загреб почна со собирање потписи за референдум за измени на Законот за пензиско осигурување, за да се спречи подигнување на старосната граница за целосна пензија на 67 години.
Низ Хрватска во следните две недели ќе бидат отворени околу 300 тезги на кои луѓето ќе можат да го дадат својот потпис за референдум, а за тоа да се случи ќе биде потребно да се соберат околу 385.000 потписи.
Синдикатите бараат да се врати одењето во пензија на 65 години, возраста за право на предвремено пензионирање да е 60 години, а казна за предвремено пензионирање да се намали од 0,3 до 0,2 проценти.
Ресорниот министер, Марко Павиќ преку медиумите ги предупреди граѓаните дека евентуалната реализација на барањата на синдикатите ќе го чини државниот буџет за 45 милијарди куни до 2040 година, а пензиите кко последица на тоа ќе бидат пониски за пет до седум проценти.