Претседателот на Шри Ланка, Мајтрипала Сирисена, забрани две исламистички групи кои се осомничени за самоубиствените бомбашки напади врз цркви и хотели за време на католичкиот Велигден, во кои загинаа повеќе од 250 луѓе.
Станува збор за организациите „Нешнал Таухит Џамат“ (National Thowheeth Jama’ath) и Џаматеи Милату Ибрахим (Jamathei Millathu Ibrahim). Тие се забранети во согласност со одредбите за време на вонредната состојба што стапи на сила по бомбашките напади, соопшти кабинетот на претседателот.
Органите за безбедност во Шри Ланка имаат основани сомнежи дека нападите биле организирани и извршени од страна на групата NTJ, објави агенцијата „Ројтерс“.