Тука сме денеска пред Собранието на Република Северна Македонија за да се потсетиме на 27 април 2017 година, денот кога беше соборен “10 годишниот режим Груевски-Ахмети”.
Пред една година во оваа држава, на влезот на Собранието, поставивме камен со натпис “27 Април 2017” кој го симболизира денот кога се случи историскиот пресврт и беше соборен режимот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека ќе биде поставен камен на влезот на Собранието за да не потсетува на тој ден, камен кој го симболизира жртвувањето, но, исто така, и бегањето на Али Ахмети во историскиот момент кога се одлучуваше за иднината на нашата држава.
27 април беше ден кога се одлучуваше за судбината на државата, во кој правец ќе се движиме, дали во правец кон НАТО или кон Русија. И токму на тој ден, Али Ахмети избега. И по една година не се знае каде заврши тој камен, затоа денес поставуваме прашања: Каде е ветувањето на Талат Џафери и зошто не е поставен камен на влезот на Собранието?