Протест на феминистки во топлес на бина на екстремната десница

Шпанската полиција мораше вчера во Мадрид да ги оддалечи од бината, активистките на движењето „Фемен“, кои се појавија пред почетокот на предизбирниот митинг на екстремно-десничарската партија „Вокс“.

Најмалку три активистски на движењето се качија на бината извикувајќи: „Тоа не е патриотизам, тоа е фашизам“, додека имаа исти такви пораки испишани на голите гради, јави „АП“.

Жените набрзо од бината ги отстранија припадниците на обезбедувањето, шпанската полиција и симпатизерите на „Вокс“.

„АП“ наведе дека се очекува „Вокс“ да освои значаен број на пратенички места на изборите в недела.

Треба да знаете
Последни објави