Кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова, денеска оствари средба со земјоделците од Овчеполието.
Како што информираат од нејзиниот штаб, во текот на средбата се разговарало за проблемите со кои се соочуваат земјоделците откако оваа влада е на власт.
„Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Но и чесните земјоделци кои работат чесно својот производ да го продадат, но власта секојдневно ги заборава и лаже. Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија, дури и доцнат“, посочила Сиљановска.
Кандидатката за претседател на државата истакнала и дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното, до повисоките субвенции.
Воедно, пред присутните посочила дека на 5 мај правдата ќе завладее во Република Македонија и ќе дојде подобро утро за сите граѓани и за земјоделците.