(Видео) На Тибет пуштен за сообраќај тунелот изграден на најголема надморска височина

На Тибет за сообраќај е отворен тунел на автопат кој се наоѓа на најголема надморска височина во светот, односно на преку 4 750 метри.

Двонасочниот тунел е долг околу 5,7 километри и е дел од 400-километарски автопат кој го поврзува главниот град на регионот, Ласа, со југоисточниот дел на Тибет.

Изградбата на тунелот започна во 2015 година, а неговата изградба ја намалува должината на патот за 12,3 километри, пренесува кинеското радио „Интернешнл“.

Раководителот на проектот за изградба на овој тунел, Гонг Бин, рече дека во текот на изградбата биле постигнати над 10 технолошки подвизи, како на пример пробивање на тунелот во екстремно ладни временски услови и на голема височина.

Тој рече дека и покрај студот и недостатокот на кислород, повеќе од 2 000 градежни работници се соочиле и со многу други предизвици.

Треба да знаете
Последни објави