Ивана Трамп (70), поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, е во посета на Хрватска, каде што се состана со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
„Тоа што Ивана е тука е голема работа за Загреб и Хрватска, но и за целиот регион“, рече Бандиќ.
Додека Бандиќ зборуваше, поранешната госпоѓа Трамп побара неколку пријателски бакнежи од загребскиот градоначалник. Така, паднаа два бакнежа, а кога Бандиќ повторно се сврте кон новинарите, Ивана Трамп се побуни: „Не, не, не“!, извика таа.
Имено, се покажа дека два бакнежа се премалку, што малку го збуни градоначалникот.
Сепак, тој брзо дојде на себе, па така паднаа и трет и четврт бакнеж, пренесе „Јутарњи лист“.