Во Белград одржан 21-от граѓански протест „1 од 5 милиони”

На платото пред Теразиска чешма во Белград синоќа и покрај велингденските празници се одржа 21-от протест „1 од 5 милиoни”.

Организаторите претходно најавија дека протестот  е во согласност со претстојниот празник и има хуманитарен карактер за собирање на парични донации за лекување на Вук Хуљиќ.

На протестот се обратија професорот Ратко Божовиќ и членот на Демократската партија и актер Бранислав Лечиќ.

Потоа граѓаните тргнаа во прошетка низ централните белградски улици до Градската библиотека на улица „Кнез Михајлова”.

Треба да знаете
Последни објави