Изборите во земјата од 260 милиони луѓе се одржаа на 17 април и за прв пат беа обединети, односно се гласаше на претседателски избори и избор за национален и покраински парламенти, со цел да се намалат трошоците, пренесува „Ројтерс“
Гласањето генрално помина во мирна атмосфера, но одѕивот беше околу 80 проценти од 193 милиони Индонезијци со право на глас, кои пополнуваа и до пет гласачки ливчиња на 800 000 гласачки места.
Меѓутоа, пребројувањето на гласовите во рок од само осум часа во земјата која се протега на речиси 5 000 километри од исток до запад, се покажало како огромен логистички подвиг и напор, кој во крајна линија бил смртоносен за некои службеници кои рачано ги пребројувале гласачките ливчиња.
До саботата навечер, починале 272 службеници, главно поради влошување на здравствената состојба од прекувремена работа, а 1 878 други заминале на боледување, изјави портпаролот на Државната изборна комисија (КПУ), Аријеф Сусанто.