Ќе се засадат 33 садници во чест за секој работник кој загинал при работа

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) по повод 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа покренува иницијатива за  садење 33 садници во чест на 33-те загинати лица на своите работна места во 2018 година во земјава.

На настанот ќе присуствуваат членовите и партнерите на МЗЗПР, а ќе биде промовиран и редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места за 2018 година. Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2018 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите.

Треба да знаете
Последни објави