Маж од Тајланд сакал да види што прави неговата мачка, Ачи, додека тој спие и поставил камера во собата.
Кога ја погледнал снимката открил дека неговото милениче обожава да му спие на лицето, а по проверувањето на видеата кои камерата ги снимила во текот на неколку ноќи, сфатил дека за Ачи тоа е веќе рутина.
Фотографиите од Ачи, кои ги поставил на група за миленичиња на „Фејсбук“ станаа хит на интернет.