Сиљановска: Велигден е најголемиот ден кој и по два милениума ги собира верниците по храмовите

Верувам дека Велигден е ден на животот, верувам дека тоа е ден на радоста, погледнете ги лицата на луѓето, ќе се уверите во тоа, рече кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова, која денеска присуствуваше на литургијата во Соборниот храм во Скопје.

Таа додаде дека нема сомнение оти Велигден е најголемиот ден штом и по два милениума верниците масовно се собираат по храмовите.

„Мислам дека овој ден е специфична опомена за сите нас, како што вели владиката возобљубеност да чувствуваме, треба и дел од нас да ставиме во она што се вели чест, радост, вечен живот и јас така се чувствувам денеска“, посочи Сиљановска.

Треба да знаете
Последни објави