Снегот кој паѓа во Словенија предизвика проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на одредени патишта во северозападниот дел од земјата.
Снежни врнежи во утринските часови имаше на подрачјето Крањска Гора, а подоцна и на Бохињ, јавуваат словенечките медиуми.
Снег паѓа на надморска височина од околу 800 метри.
Сообраќајниот информативен центар за државни патишта предупреди возачите дека поради зимските услови затворени се неколку планински превои.