Суданската армија и опозицијата со договор за формирање заеднички совет

Владејачкиот Воен совет и опозицијата во Судан постигнаа договор за формирање нов совет што земјата ќе ја води до следните избори, и во кој ќе бидат воени и цивилни функционери.

Договорот е постигнат на синоќешниот состанок на делегацијата на Воениот совет и Силите за слобода и промени во кои партиципира суданската опозиција.

По повеќемесечни антивладини протести, армијата на Судан изврши државен удар со кој од власта го собори претседателот Омар ал Башир, кој на власт беше од 1989 година.

Војската формираше Воен совет што требаше да управува со земјата во преодниот период од две години, но опозицијата се противеше на владеењето на Воениот совет и побара итно формирање цивилна власт.

Треба да знаете
Последни објави