17-годишен мотоциклист тешко повреден во судир со џип

Седумнаесетгодишник од Штип бил тешко повреден кога со мотоциклот што го управвал се судрил со автомобил, вчера во Штип.

Според полицијата, сообраќаката се случила во 14.30 часот на булеварот ЈНА.  Моторцикл „јамаха ФЗ-6″ управуван од 17- годишникот се судрил со џип „бмв x-3″ со штипски регистерски таблици управуван од А.К.(27) од Штип.

Од ударот со тешки повреди се здобил мотоциклистот, а полесно била повредена А.К.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Треба да знаете
Последни објави