18 години од ужасниот масакр: Вечна им слава на загинатите во Вејце

Вечна им слава на Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Тие загинаа како припадници на вооружените сили на Република Македонија во војната 2001 година. Денеска се навршуваат 18 години од настамнот кај Вејце, најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Македонија.

На 28 април 2001 година во 17.45 часот од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осум припадници на вооружените сили на Македонија, од посебната единица на СВР Битола и од Специјалната единица Волци.

Тие загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Нека им е вечен помен за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА.

Денеска во Битола делегации на општините Битола и Новаци, претставници на СВР-Битола, претставници на политички партии и членови на семејствата на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, по 18-ти пат одржаа комеморативен собир во знак на сеќавање за немилиот настан од Вејце.

Цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во дворот на СВР-Битола и пред споменикот „Ангел“ кај градскиот часовник во Битола положија градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски, заменик -градоначалникот на општина Битола Емилија Костурски, претседателот на Советот на општина Битола Валентин Груевски, делегација на полицискиот синдикат, роднини и пријатели на загинатите бранители.

Треба да знаете
Последни објави