Иранско беспилотно летало толку блиску се доближило до американскиот носач на авиони со придружба во Персискиот Залив така што успеало да ги сними со висока резолуција и леталата на бродот.
Видеото без датум го објави Иранската револуционерна гарда, а подоцна беше споделено од државната полуофицијална новинска агенција Тасним. На снимката се гледа дронот „Aбабејл 3″ како полетува, проследен со музика во позадина. „Мисијата успеа“, Тасним објави снимки од блиска средба со американскиот носач „Двајт Д. Ајзенхауер“.
Записот е направен од толку мала дистанца што може лесно да се видат броевите на крилата на извидувачките авиони Е-2С и борбените Ф-18 на палубата. Дури делумно е снимен иеден авион.
Мисијата на иранскиот дрон е одговор на американското назначување на иранската Револуционерна гарда како терористичка организација. Ова е првпат цела странска армија да биде ставена на црната листа на Вашингтон.
A high definition footage obtained by #IRGC naval forces shows the #US warships being closely monitored in the #PersianGulf waters, south of #Iranhttps://t.co/BEaY2NhbIL pic.twitter.com/k8Pzh8wdGO
— Tasnim News Agency (@Tasnimnews_EN) April 27, 2019