Голем пожар изби во магацин во близина на аеродромот Хитроу во Лондон.
Според локалните медиуми, на лице место се излезени најмалку шест противпожарни возила, 40 пожарникари и полиција.
Очевидците велат дека слушнале и експлозија, пренесе „Мирор“.
Од британските железници истакнаа дека редовните линии ќе бидат одожени или ќе доцнат.