Албанско знаме поставено на Самоиловата тврдина во Охрид

Огромно албанско знаме е поставено на Самоиловата тврдина, објави порталот Охриднет.

Веднаш под македонското знаме четворица непознати сторители  поставуваат повеќеметарско албанско знаме.

Не е познато кој и зошто поставува национални симболи на туѓа држава на ѕидините на Самоиловата тврдина.

Сличен ваков инцидент имаше во 2013 година кога на ѕидините на Скопското кале група млади албанци се обидоа да го развеат албанското знаме. Тогаш реагираше полицијата.

Случајот  е пријавен во СВР Охрид.

Фото: Охриднет

 

Треба да знаете
Последни објави