Во Берлин почна Конференцијата на шефови на држави и влади на земјите од Западен Балкан на која присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Македонската делегација претходно оствари средби со германската канцеларка, Ангела Меркел, како и со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.