Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Средбата, како што информираат од Кабинетот на Меркел, е на барање на канцеларката, а веднаш по разговорите со Заев ќе следи средба со албанскиот претседател Еди Рама.
Освен со нив двајца, Меркел и Макрон ќе се сретнат и со останатите лидери од Западен Балкан, Денис Звиздиќ од БиХ, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Александар Вучиќ од Србија. На средбата се поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.
Според агендата на германската Влада, на конференцијата ќе присуствува и високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.