Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на општина Петровец.
Мицкоски истакна дека тука во победнички Петровец како и во цела Македонија очекува победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема во вториот круг од претседателските избори бидејќи овој пат граѓаните не одлучуваат само кој ќе биде идниот претседател на Република Македонија туку одлучуваат и за иднината на нашата татковина.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека граѓаните на Македонија на 5 мај ќе стават крај на измамничките политики на власта, на лажните ветувања, на понижувањата и уништувањето на националната гордост и достоинство.
Патот е еден или ќе избереме вакви политички измамници луѓе кои што ветуваа живот и донесоа пекол. Луѓе кои што се колнеа во жицата, во дедовината, а донесоа понижување, уништување на националната гордост и достоинство. Луѓе кои што водат Бентли и Мајбах политика, луѓе кои што практично нечестити, луќе кои што се коцкаат со вистината и најчесто ја говорат, невистината. Или пак ќе го одбереме патот на правдата и правдината, вели Мицкоски.