Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме ние тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво, изјави кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова од Охрид.
„Секое влегување овде за мене носи духовен мир, спокој и ме потсетува на зборовите на архиепископот неколку пати повторувани вчера за еднаквоста на народите и мирот. Мислам дека пораката е јасна.
Не знам дали на ова свето место е можно да се изговори она што го видов пред малку, но навистина ако Охрид е едно од најсветите места или местото кое ја персонифицира духовната моќ во Македонија, како да не кажам дека на 20-тина метри од овде гледаме непочитување на оваа убавина. Се е заштититено, Охрид е под заштита на УНЕСКО но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу и мислам дека тоа е опомена дека нешто под итно треба да се стори во Охрид и дека оставаме кој што сака да прави на неколку чекори од овде“, рече Сиљановска.
Таа додаде дека Охрид не се само црквите, туку Охрид е градот и сето она што се гради и доградува, а сето тоа мора да биде во хармонија со изграденото.
„Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат, ниту го штитат“, рече Сиљановска.