Жена повредена во сообраќајка во Струмичко

Жена била тешко повредена во судир на два автомобили ноќеска во Струмичко, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 1.40 часот на магистралниот пат село Босилово- село Турново. Тогаш се судриле автомобил „Ауди А-4“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М.(30) од с. Бориево и патничко возило „Тојота јарис“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(65) од с.Ново Коњарево, во кое имало уште пет сопатници.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.И.(43), сопатничка во возилото „Тојота Јарис“. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

 

Треба да знаете
Последни објави