Кривична за Гостиварец кај кого бил пронајден кокаин, марихуана и пиштол

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.У.(49) од Гостивар, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Според полицијата, во август лани бил извршен претрес во домот на осомничениот во Гостивар и биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пневматски пиштол ,,Heekler &Koch НК 45 калибар 177 и 1.100 дијаболи.

Треба да знаете
Последни објави