Пендаровски: Ќе иницирам орден „Борис Трајковски“ за развој на мултикултурно и демократско општество

Како иден претседател иницирам орден „Борис Трајковски“, изјави во Струмица, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Овој орден, како што рече Пендаровски, ќе се доделува на граѓани кои имаат личен придонес во развојот на мултикултурното демократско опшество.

„Особено сум горд на фактот што три години од мојата професионална кариера ги поминав во неговиот претседателски кабинет. Имено, Од 2001 бев Советник за национална безбедност во кабинетот на Трајковски, се до трагичната несреќа во 2004 година кога тој го загуби својот живот. Трајковски беше претседател кој обединуваше, човек кој несебично се даваше во својата работа, исклучителен државник кој се залагаше за мултикултурни вредности и кој веруваше во демократска Македонија во која сите независно од нивната етничка и религиозна определба можат да живеат заедно во едно слободно, демократско општество“, рече Пендаровски.

Тој подвлече дека претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски оставиле голем залог, го означиле патот и начинот на кој треба да се води државата и гордо заминале во историјата.

„Овие ордени ќе бидат паметник на нивните заложби за слободна, мирна, независна, безбедна и обединета држава. На нас е да ги оправдаме нивните очекувања и да ја оствариме нивната визија. Во нивна чест, повторно да се обединиме и да го продолжиме патот кон држава за каква што тие сонуваа и работеа“, изјави Трајковски.

Треба да знаете
Последни објави