Владата на Мозамбик денеска соопшти дека бројот на жртви при налет на циклонот Кенет се искачи на 38 луѓе.
Обилните дождови и надојдените води ја отежнуваат доставата на храна и обезбедување на засолништа за тешко погодените заедници.
Метеоролозите за следните денови предвидуваат нови дождови.
Циклонот Кенет во четвртокот го погоди Мозамбик со ветер со брзина од 220 километри на час.
При налет на циклонот Идаи пред шест недели во Мозамбик загинаа најмалку 600 лица.
Обединети нации соопштија дека тоа е прв случај два циклони да го погодат Мозамбик во една сезона.