Возач загинал откако со автомобилот што го управувал излетал од пат и се превртел, вчера во близина на Прилеп.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 17.40 часот на локалниот пат село Крушеани-село Обршани.
Возачот В.К.(59) од селото Подвис, управувајќи автомобил „пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
По сообраќајката возачот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18.40 часот починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп.