Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, останува на функција, објавија италијански медиуми.
По поразот од Торино со 0: 2 синоќа во натпревар од 34-тата рунда од Серија „А”, Гатузо имаше средба со раководството на клубот.
Состанокот траеше околу еден час, по што беше одлучено дека Гатузо ќе остане тренер на тимот.