Кривична за дилер на хероин од Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М.(33) oд Свети Николе осомничен за неовластено производство  и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.

Полицијата во ноември лани извршила претрес во домот на пријавениот и пронашла хероин. За време на претресот, во домот на пријавениот биле затекнати три лица, кај кои при извршен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

Треба да знаете
Последни објави