Меркел- Макрон: Кај Северна Македонија видовме храбри чекори, но состанокот не е за проширувањето на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот состанок во Берлин со лидерите на земјите од Западен Балкан рекоа дека нема да се разговара за политиката на проширување на Европската унија, туку за стабилноста на регионот.

-Денешниот состанок не е за пристапните преговори, тоа е процес што го води Европската комисија. Со Франција ја делиме одговорноста за напредокот на регионот и во заеднички европски интерес е да се погрижиме развојот да тргне по позитивен пат. Кај Северна Македонија видовме храбри чекори и земјата е пример дека може да се најде решение за долготрајни проблеми. Целиот регион може да напредува само заедно и тоа е целта на овој формат, но тој не го заменува Берлинскиот процес, ниту процесот на преговори за членство во ЕУ, кажа Меркел.

И Макрон го пофали Договорот од Преспа како пример за решавање тешки проблеми.

-Стабилноста на Европа зависи од стабилноста на Западен Балкан. Договорот од Преспа покажа дека може да се решат и проблеми кои изгледаат непремостливи. Два приоритети имаме денеска. Првиот се Србија и Косово и се надеваме дека ќе имаме разумен дијалог Вториот приоритет е Германија и Франција заедно да придонесат за стабилноста на регионот. Ова не е за политиката за проширување на ЕУ, ова е за зајакнување на стабилноста, рече Макрон.

 

Треба да знаете
Последни објави