Мотоциклист тешко повреден откако се забил во куќа

Мотоциклист управувајќи мотоцикл изгубил контрола, излетал од пат и се забил во куќа, изминатата ноќ во битолското село Буково.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 1 часот по полноќ. С.Г.(32) од селото Буково, управувајќи мотоцикл „јамаха ДТ-200 Р“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќата сопственост на Р.М. од селото Буково.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

 

Треба да знаете
Последни објави