Сменет командантот на затворот Гвантанамо

Американскиот контра-адмирал Џон Ринг, командант на затворот Гвантанамо на Куба, е разрешен од должноста поради „губење кредибилитет во неговата способност да командува”, соопшти американската Јужна команда.

Во кратка изјава, се вели дека Ринг е сменет, но не е наведена причина.

Хозе Руиз, портпарол на Јужната команда, која го надгледува Гвантанамо, изјави дека одлуката е резултат на едномесечна истрага што заврши претходно овој месец, но одби да даде детали.

Ринг управуваше со Гвантанамо од април 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави