Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе достигне 10, а максималната 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Утре од претпладне ќе дува особено на запад засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне. Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.